Потребни состојки: 600 гр. свинско каре, 1 пилешки стек, 400 гр. мелено месо, 200 гр. печурки, 1 домат, 1 пиперка, 1 главица кромид, малку масло, малку магдонос, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Сечканиот кромид и пиперката се пропржуваат во земјена тава со масло.

Свинското каре се сечка на коцки и се додава во тавата.

Advertisement

Од меленото месо се прават бомбички и се додаваат во тавата.

Стекот се сечка на коцки и се додава во тавата.

Потоа се додаваат сечканите печурки и се продолжува со пржењето.

Состојките се промешуваат и се зачинуваат со сол и бибер по вкус.

Се продолжува со пржењето уште неколку минути.

Кога месото ќе се пропржи се додава сечкан домат и сечкан магдонос.

Земјената тава со состојките се остава на оган уште 25 минути.

Advertisement