Содржи 240 хранливи и лековити својства, а неговите благодети се познати со векови …




Алое вера наликува на кактус, висок околу 60 сантиметри, со дебели, месести листови, а поради своите неверојатни лековити својства е позната како кралица на лековитите растенија.




Природно расте во области со топла и влажна клима. Во светот се познати преку 250 видови на ова растение, а четири од нив имаат лековити својства. Богат е со минерали и витамини како А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Ц и Е, фолна киселина, магнезиум, цинк, манган, калиум и железо.




Долго време се користи за кожни болести и за заздравување на рани, за надворешна употреба и орално како лаксатив. Денес се користи како народен лек за разни болести и здравствени проблеми.




Има антиинфламаторно, антибактериско, антивирусно и лаксативно дејство.
Ја неутрализира покачената стомачна киселина, ја нормализира pH на столицата, ја подобрува функцијата на црниот дроб, го зајакнува срцевиот мускул, ги ублажува симптомите на астма и алергиите.




Ја намалува болката и чешањето по каснување од инсекти, помага при осип на кожата, акни, темни дамки на кожата, изгореници од сонце, ги ублажува старечките дамки на рацете, ја подмладува кожата и го забрзува растот на косата. Исто така, го зајакнува имунитетот, ги уништува вирусите, бактериите, габите и паразитите и помага во детоксикација на телото.




Ги отстранува токсините од телото, го ублажува варењето, чиревите, инфекциите на уринарниот тракт, ревматизмот и артритисот. Се користи во форма на сок, чај или во форма на разни креми за локална апликација.