Kремната супа од леќа е сè што ви треба за да го заживеете вашето тело во зимските денови

Леќата е една од најздравите намирници, но кај нас неправедно запоставена. Затоа, денес ви носиме посен рецепт кој ќе ви помогне да се зацврстите за време на велигденскиот пост.

    • Потребно:
    • 2 чаши црвена леќа
    • 1 кромид
    • 1 морков
  • 2 компири
  • 3 чешниња лук
  • доматно пире околу 200 грама
  • сол, бибер, сува пиперка

Подготовка : Потопете ја леќата во ладна вода и оставете ја околу 20 минути. Подоцна, добро исплакнете го под ладна вода. Во тавата се става малку масло, па се додава исечканиот кромид.

Кога ќе се карамелизира кромидот, додадете рендан морков и рендан компир, па лук и доматно пире, па зачини и леќа. Истурете сè со вода и варете околу 45 минути.

Advertisement

После тоа тргнете го од оган, промешајте и послужете.

Advertisement