Затоа што иам другари и од град и од село, а не се сљаци и ги сакам највише на свет.

Сељак е личност чиј ментален склоп е ограничен од примитивизам, предрасуди, стереотипи, традиции и догми, зачинет со малограѓански менталитет (цала Македонија е малограѓанштина).

Сељак е родител кој те тера да се мажиш или жениш на 22 – 25 год. затоа што така требало, затоа што тој во минатиот век така правел. Сељак е родителот кој ќе се расправа зошто учителката пишала кец, место да го седне детето и да види зошто не учи.

Сељак е родителот кој своето невоспитано и насилно дете кое малтретира други мирни деца го нарекува темпераментно и не гледа проблем, затоа што неговото его не сака да прифати дека има сериозен проблем.

Advertisement

Сељак е насилниот сопруг кој мисли дека сеа откако се ожени и и напраи дете, готово, нема кај да оди таа сирота, нема таа имот на свое име, па ќе се опушти со по некој шамар, пошо тој е мажот у куќата. Да беше маж ќе ја сакаше, затоа што мажите љубат, а сељаците тепаат. Мажите кои не се сакани си одат, а не тепаат.

Сељак е личност која на секој можен начин се обидува да ги истакне сопствените квалитети пред авторитетите, наметливо, без грам чувство на одмереност и скромност.

Личност која тенденциозно лови туѓи недостатоци и минијатурни грешки, хиперболизирајќи ги тие минијатури пред авторитетите, сè со цел да покаже колку другите не чинат, а тој е супер. Сељакот гази врз интегритетот и врз трудот на способните, затоа што способните се закана за неговата неспособност.

Сељакот пати од чувство на пониска вредност, која кул ликовите му ја потенцираат само затоа што постојат во неговото опкружување. Сељакот само со сељаци е сигурен.

Сељакот мрази искулираност, природност, ноншалантност и смеа, затоа што тоа е одраз на слободниот дух на една личност која тој ја нема и не знае како да се носи со широките видици на слободоумните, бидејќи тој е тесноглед. Сељакот слепо се држи до правила, затоа што без нив го губи тлото под нозете. Несигирен е. Сељакот е учен да натпревар, место на соработка.

На егоизам, место на алтруизам. Сељакот ако го направиш да прогледа, ќе ги види сите освен тебе. Го има во сите пори на нашето живеење. Тоа е оној лик кој влегува кај шефот со свое мислење, а излегува со негово. Тоа е оној лик кој ќе ти го земе парчето леб без око да му трепне, а тој има цела пекара. Сељак (сељанка) е ликот кој ќе се обиде да ти го превземе дечкото (девојката) само заради тоа што не може да ве гледа среќни. Сељак е тоа детето што не ви даваше лист од средина, тоа што знаеше сè, а не ви даде да препишете од него.

Сељак е тој што кога сите бегавте од часови, тој остануваше да лиже г’з на професорите. И сега како возрасен, иако е работник како вас, ќе ве предаде, само за да им се додворува на газдите, надевајќи се дека и по позиција ќе биде блиску до нив.

Сељак е оној лик кој плука по улица, кој културата ја доживува како елемемтарна непогода. Сељак е створ кој место да подаде рака на послабиот, тој го турка надолу.

ТСељак е оној кој место да укаже на грешката на понеупатениот, тој ја користи како оружје за да те срамни, за тој да може да биде повисоко. Сељак е уствари соципоат кој има и нарцисоидно растројство во својата дијагноза. Најчесто мама е крива за тоа, ако примерокот е од машки пол.

Advertisement