Две совршени намирници ќе ја олеснат вашата борба со вирусите и бактериите и ќе спречат развој на болести.

Лукот има силни антибактериски и антивоспалителни својства, а нането ги отвора дишните патишта и ја олеснува кашлицата, па овие две состојки во комбинација се моќен борец против настинките и бактериските инфекции во грлото.

Потребно

  • 3 дл вода
  • 3 чешниња лук
  • кесичка чај од нане или уште подобро неколку листови свежо нане
  • мед
  • лимон

Подготовка

Advertisement

1. Изгмечете го лукот и ставете го во шолја да отстои 10 минути со цел сите здрави нешта во него да се активираат.

2. Ставете вода да зоврие

3. Во шолјата со лук ставете и кесичка чај од нане или свежи литови, па прелијте ги со врелата вода и оставете да отсои 5 минути.

4. Процедете го чајот, додадете во него лажичка мед и малку лимон.

Испијте го чајот додека уште е топол.

Совет плус: Доколку сакате да го подобрите дејството на овие лековити намирници и да го дезинфицирате воспаленото грло, немојте да го фрлате искористениот лук и нане (доколку сте користеле свежи листови), туку бавно џвакајте ги две минути, а потоа голтнете ги.

Advertisement