За време на повредите, нормално е згрутчување на крвта, бидејќи тоа спречува нејзино губење и поттикнува заздравување на раните. Сепак, некои луѓе страдаат од прекумерно згрутчување на крвта, што може да доведе до тромбоза.




Ова значи дека овие луѓе формираат тромби кои ги заглавуваат крвните садови, а тоа може да биде многу опасно бидејќи може да доведе до срцев или мозочен удар.
Еве некои од симптомите на оваа состојба:




Болката во нозете може да укаже на оваа состојба. Покрај тоа, се појавуваат грчеви.
Необјаснета кашлица, кашлица која трае долго време без одредена причина, може да укаже на згрутчување на крвта.




Болка во градите, отежнато дишење може да укаже на присуство на тромб во областа на белите дробови, покрај тоа може да укаже и на други проблеми со срцето. Вртоглавица е уште еден симптом.
Отежнато дишење, болка при длабоко дишење, неможност за длабок здив, исто така се индикатори за оваа состојба.




Отекувањето на нозете е уште еден индикатор, а згрутчувањето на крвта доведува до тромбоза и спречува нормална дистрибуција на кислород до органите.
Црвените ленти и линиите на кожата се многу чест симптом на оваа состојба.




Кога ќе забележите некои од симптомите, задолжително посетете лекар, не занемарувајте, пишува „Медицина од природата“.