Лимонот е многу моќен сојузник не само во диетите, кога сакаме да ослабеме, туку добро е да го користиме секој ден. Го стимулира метаболизмот и варењето, го зајакнува имунитетот, детоксицира и го штити организмот.
Затоа ви препорачуваме да го подготвите на следниот начин, за да ви биде еден од најсилните сојузници во текот на зимата.
За овој напиток ќе ви требаат шест лимони кои се варат заедно со кората, а пред ова добро измијте ги.
Сè што ќе ви треба за да го направите овој пијалок се следните лесно достапни состојки:
- половина литар вода
- Мед
- 6 лимони
Се подготвува на многу едноставен и лесен начин:
Во шерпата ставете вода и кора од лимон, исечете, па варете. Смесата варете ја околу три минути, па тргнете ја од оган и оставете малку да се излади.
Потоа извадете го лимонот, а напивката истурете ја во шише или чаша и додадете малку мед.
Овој чудесен пијалок носи многу придобивки:
- го поддржува варењето и го регулира метаболизмот
- го зајакнува имунолошкиот систем
- го балансира нивото на pH во вашето тело
- тоа ви дава неверојатен поттик на енергија
- врши детоксикација
- ве штити од настинки
1. Лечи бронхитис, кашлица и астма
Измешајте 2 лажички сок од лимон и 1 лажица мед и промешајте ги во чаша со вода. Пијте го овој пијалак неколку пати на ден доколку имате проблеми со белите дробови, грлото и запушен нос.
2. Ги елиминира акните
Антибактериските својства на лимонот и медот можат да ви помогнат околу проблемите со акните. Покрај тоа, оваа комбинација содржи и антивоспалителни својства кои ја смируваат воспалената кожа. Направете маска од мед и лимон, нанесете ја на кожата, а потоа измијте ја и ќе добиете сјаен тен.
3. Ублажува болни симптоми на убоди од инсекти
Лимонот и медот заедно имаат антисептичко дејство, па тоа ќе ви помогне доколку сте каснати од инсект. Ги ублажува отоците, воспаленијата и спречува инфекција.
4. Помага при слабеењето
Лимонот е нискокалоричен, а медот дава енергија. Нивната комбинација го намалува собирањето на мастите во организмот, а шеќерот од лековитото овошје брзо се вари. Ако сакате да го намалите обемот на струкот, додајте 3 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед во чаша полна со млака вода. Ваквиот пијалак пијте го во утринските часови и ќе ви го забрза метаболизмот.
5. Помага со грипот
Кога имунитетот ви е ослабен, подложни сте на настинка и грип. Поради тоа важно е да внесувате поголема доза витамин Ц со цел да го спречите тоа. Сварете литар вода, потоа додајте една лажичка рендан ѓумбир, 3 лажици мед и 3 лажици лимонов сок. Процедете и пијте го овој пијалак 2 до 3 пати на ден.
6. Го решава проблемот со варењето во организмот
Во чаша полна со млака вода, ставете 2 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед. На овој начин ќе се ослободите од тегобите при варењето. Свежиот лимонов сок го чисти организмот, ја балансира pH вредноста и дава многу корисни материи, како витамините Б и Ц и рибофлавин.
7. Ја негува кожата
Ослободете се од трагите на стареењето на кожата со комбинацијата од мед и лимон. Брчките и другите знаци на стареење можете да ги отстраните користејќи маска од мед и лимонов сок.