Јапонски рецепт за чистење на телото од токсини

Токсините мора да се исфрлат од нашето тело навремено. Во спротивно, нивното таложење ќе предизвика разни здравствени проблеми и сериозни болести. Постојат многу методи за детоксикација , но најефикасен од нив е древна јапонска техника која вклучува потопување на стапалата во посебна течност.

Повеќето од нервните завршетоци на нашето тело се наоѓаат во нашите долни екстремитети. Затоа детоксикацијата на телото е многу поефикасна кога се прави со потопување на стапалата во специјални раствори. Во овој случај можете да примените некој од следните 3 методи.

1. Бања со англиска сол Наполнете леген со топла вода и додадете 1/2 чаша англиска сол, 1/2 шолја сода бикарбона, 1/2 чаша морска сол, 1/2 чаша јаболков оцет и малку есенцијално масло по ваш избор. Добро промешајте додека не се растворат сите состојки и потопете ги стапалата во оваа течност.

Advertisement

Се препорачува постапката да трае 30 минути. Исто така, добро е да го зголемите внесот на магнезиум во вашата дневна исхрана додека правите детоксикација.

2. Бања со бентонит глина Растворете половина чаша англиска сол во леген исполнет со топла вода и додадете неколку капки есенцијално масло по ваш избор. Мешајте додека солта не се раствори и додадете бентонитна глина, претходно растворена во вода. Потопете ги стапалата во смесата 25 минути. Овој метод помага да се зголеми нивото на магнезиум во организмот, како и да се подобри апсорпцијата на вредните хранливи материи.

3. Бања со ѓумбир и водород пероксид Наполнете леген со топла вода и додадете чаша водород пероксид и лажица ѓумбир во прав. Потопете ги нозете во овој раствор 30 минути. Овој метод помага за поправка на клетките и ткивата, како и за чистење на телото од токсини и бактерии. Без разлика која од трите опции ќе ја изберете, постапката треба да ја применувате континуирано еден месец.

Важно: Информациите во оваа статија не можат да се користат како замена за стручни совети или дијагноза, ниту пак може да се користат како замена за професионална медицинска нега. Доколку имате некакви здравствени проблеми, веднаш консултирајте се со специјалист!

Advertisement