Верувале или не, но освен тоа што се сметаат за една од најздравите намирници што можете да ги јадете, јагодите можат да ви помогнат и да изгубите тежина.

– Јагодите се една од намирниците кои се составен дел од менито на луѓето кои сакаат да ослабат – изјави нутриционистот Еди Ридс.

Тајната за слабеење е чувството на ситост. Иако звучи контрадикторно, на телото му се потребни нискокалорични масти, протеини, сложени јаглехидрати и храна богата со растителни влакна. Така ќе бидете сити со часови. Јагодите се една од намирниците кои ќе ви помогнат во тоа, пишува „Eat This, Not That“.

– Јагодите се богати со растителни влакна, антиоксиданси и се нискокалорични, поради што се идеална ужина и се совршени за слабеење – изјави д-р Лиза Р. Јанг, авторка на книгата „Конечно полна, конечно слаба“.

Advertisement

Јагодите се нискокалорични

– Јагодите содржат многу влакна и малку калории, што ги прави одлична храна за слабеење. Наместо висококалорични пекарски производи, јадете јагоди, кои ќе ви помогнат побрзо да ја достигнете саканата тежина. Јагодите можат да бидат дел од урамнотежена и здрава исхрана – изјави нутриционистката Меган Бирд.

Тие се богати со растителни влакна

– Поради количината на влакна содржани во јагодите, тие можат да бидат корисни кога станува збор за слабеење. Ова овошје дава чувство на ситост, што го спречува прејадувањето, а може да помогне и кај вишокот килограми – истакна нутриционистот Ричи-Ли Хок.

Влакната што ги содржи создаваат чувство на ситост, што „испраќа порака до мозокот дека храната е таму“.

Ридс изјавил дека луѓето кои сакаат да го намалат вишокот килограми мора да внесуваат и многу влакна бидејќи го успоруваат варењето, а поради чувството на ситост ќе внесувате помалку калории.

Тие го спречуваат прејадувањето

Нутриционистот Триста Бест истакнува дека јагодите можат да помогнат при слабеење, особено поради содржината на вода и влакна.

– Растителните влакна кои се наоѓаат во јагодите помагаат при слабеење преку обезбедување ситост и подобрување на здравјето на цревата. Подолгото чувство на ситост, заедно со нискокалорична храна како што се јагодите, може да спречи прејадување со висококалорична храна во текот на денот. Содржината на влакна и вода во јагодите може да биде важна за регулација на тежината – изјави Бест.

Тие го обезбедуваат задоволството што го имате кога јадете крцкави грицки

Нутриционистот Бренда Браслов предлага да јадете јагоди кога јадете крцкава храна бидејќи јагодите ќе ви дадат подеднакво задоволство и помалку калории.

– Една шака јагоди содржи само 72 калории и три грама диетални влакна. Можете да јадете јагоди со малку путер од јаткасти плодови или сирење и на тој начин ќе добиете задоволувачка закуска која може да ве држи сити до вечера – изјави Браслов.

Јагодите се здрава храна која може да ви помогне да ја задоволите вашата желба за слатки.

– Јагодите се природно слатки така што можат да ја задоволат желбата за слатки, како и да ве спречат да јадете висококалорични слатки со додаден шеќер – изјави нутриционистката Ејми Гудсон, која препорачува да јадете јагоди со путер од кикирики или јогурт.

Advertisement