Како да направите средство против комарци – сосема природно, ќе уживате во летните ноќи на тераса или во двор
Ќе ве спаси од чешање и нервоза: Природен лек против комарци кој овие напади воопшто ќе ги држи подалеку од вас
Пристигна пролетта, наскоро доаѓа летото, а она што може да ви го уништи уживањето во природата или дури и вашиот одмор се – досадните комарци.
Комарците ги одбиваат одредени мириси, поради што во дворот се садат маточина, лаванда, коча, босилек, нане или жалфија. Ако не сте имале време за градинарство или сакате да ја зголемите заштитата, направете моќна алатка со етерични масла.
Комбинацијата од овие есенцијални масла ќе мириса убаво, но тој мирис ќе ги одврати комарците од вашиот дом.
Неопходно е
- 250 ml вода
- 5 капки етерично масло од лимон
- 5 капки есенцијално масло од еукапилтус
- 10 капки есенцијално масло од цитронела
Измешајте ги сите состојки, истурете ги во тегла и ставете ги во секоја просторија каде што престојувате. Можете да ги ставите и на тераса или во двор. Ќе видите, нема да има повеќе.











