Во текот на новата седмица која што ни следува, поточно од денес па се до крајот на седмицата, нашата територија ќе биде зафатена од значително поладен воздух од североистокот и од истокот на Европа. Сепак, овој ладен бран ќе биде релативно сув без снежни врнежи, што значи дека не очекува сув студ, проследен со повремено засилен северен ветер, особено денес), како и во среда, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Денес ќе има послаби локални врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег.

И во Скопје и околината од денес па во текот на седмицата температурите позначително ќе опаднат, а особено денес како и во среда повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.Денес ќе има услови за повремен послаб дожд.

Што се однесува до температурите, особено од среда, наутро тие насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степени, додека на високите места и планините, како и на Скијачките центри тие би можеле да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени“, вели тој.

Advertisement
Advertisement