Намалувањето на нивото на хемоглобин во крвта, без оглед на бројот на црвени крвни клетки ( еритроцити) , го намалува капацитетот на крвта да пренесува кислород и доведува до анемија.
Во народната медицина, постојат повеќе рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта.
Оваа витаминска бомба но и лековит еликсир е исклучително добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот и подобрување на општата крвна слика.
Направете го веднаш, освен што е супер здрав, многу е вкусен!
СОСТОЈКИ:
– 200 мл мед – 200 гр јатки ореви – 200 гр суво грозје – 200 мл сок од морков – 200 мл сок од цвекло – 2 лимони
ПОДГОТОВКА:
Измијте ги двата лимона. Исечете ги на половина и отстранете ги семките. Сомелете ги во машина за мелење месо или на друг начин. Ставете ги во еден сад.
На смесата од мелениот лимон додадете мед, сок од цвекло и сок од морков. Измешајте. Потоа во оваа смеса додаете ситно сецкани ореви и суво грозје. Измешајте повторно. Ќе добиете литарска тегла, многу вкусна и лековита смеса. Чувајте ја во фрижидер. Земајте по 3 пати дневно по една супена лажица пред јадење.