Лекарите препорачуваат секојдневно празнење, а доколку имате проблеми со тоа, пробајте џем кој ги стимулира цревата

Празничното прејадување кај многу луѓе предизвикало запек. Затоа сега е потребно да се поттикне работата на цревата и со тоа што побрзо да се исчисти телото. Секој има свои методи за забрзување на метаболизмот, а ова се некои од нив:

1 чаша млака вода наутро

кафе

Advertisement

Јадење киви со кора

Чаша млако млеко

Чаша јогурт

Ако ништо од ова не ви „врши работа“, ви предлагаме да пробате да консумирате џем за брзо празнење на цревата, кој се прави и консумира вака:

Состојки:

150 гр урми (1 чаша),

150 гр сливи (1 чаша),

1,5 чаши зовриена вода (помалку за погуст џем)

Подготовка: Урмите и сувите сливи исечете ги на парчиња. Ставете ги во врела вода и варете додека смесата не се згусне. Добиената количина треба да биде за 20 порции од 1 лажица. Овој џем е погоден за сите возрасти.

Можете да го јадете чисто, да го намачкате на леб, да го додадете во јогурт, снегулки…

Совети за исхрана за редовно празнење на дебелото црево:

Пијте многу вода;

Јадете храна со повеќе влакна:

овошје, зеленчук, ;

Постепено воведувајте влакна во вашата исхрана и избегнувајте лаксативи бидејќи постојат многу природни методи со кои можете да си помогнете;

Избегнувајте кофеин и млеко.

Advertisement