Јазикот е најсилниот мускул во човековото тело кој ја подготвува храната за џвакање и е примарен орган за вкус. Функцијата на неговиот изглед е многу поважна отколку што мислиме, бидејќи покрај лекарскиот картон, според кинеската медицина, на него се испишани и состојбите на нашиот организам.

Ви претставуваме десет промени на јазикот со чија помош ќе можете да ја идентификувате состојбата на вашето здравје. Погледнете го вашиот јазик и споредете со сликата во каква состојба тој се наоѓа, потоа прочитајте ги објаснувањата подоле.

1. Нормален јазик – розев, без траги од заби или дисколорација, со јасен слој кој ја покажува правилната плунковна секреција.

2. Тенок бел површински слој, видливи траги од заби и неколку црвени точки – ваквиот изглед на јазикот се однесува на недостаток од витална енергија во телото која предизвикува замор, лош апетит и претерано потење. Тоа се манифестира и на расположението, па таквите луѓе најчесто се загрижени и нервозни.

Advertisement

3. Тенок жолт слој на средина опкружен со црвен остаток на површината на јазикот – ваквиот изглед на јазикот се однесува на проблеми со запекот, дехидрацијата и кожните болести. Сето тоа се манифестира на расположението, па луѓето со таков јазик обично се со променливо расположение.

4. Месен бел слој, отечени рабови на јазикот – ваквиот изглед се однесува на неурамнотежената работа на дигестивниот систем, и тенденција на собирање вода во организмот. Луѓето во ваква состојба најчесто се чувствуваат исцрпени и се без волја.

5. Црни точки на розевата површина – се однесуваат на застој во крвта во деловите од телото кои можат да предизвикаат проблеми со вените, „тешки нозе“, главоболка, болка во градите и кожа без сјај.

6. Тенок бел слој и црвен врв на јазикот – оваа состојба открива како е изложен организмот на постојан стрес кој предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се собира во зглобовите на кои им предизвикува воспаление.

7. Црвен јазик со жолти дебели наслаги по средината на површината – ова е показател на покачена телесна температура која се однесува на можните инфекции на мокрачните патишта, проблеми со кожата чија површина е леплива. Луѓето со такви проблеми често се лути и не се чувствуваат удобно во своето тело.

8. Густ бел слој по средината на површината на блед и отечен јазик – изглед кој насочува на инфекција или пак на воспаление кое е поврзано со некоја автоимуна болест, недостаток на витамини и минерали. Таквата состојба предизвикува блед тен, болки во грбот и чувство кое често се граничи со паника.

9. Пукнатини на црвената површина на јазикот – ова се однесува на габична инфекции во телото кои ги следи ноќно потење, несоница, иритација.

10. Јазик чија површина е бела и без наслаги – се однесува на намален проток на крв во телото, анемија која може да предизвика вртоглавица, замор, а луѓето со ваква состојба патат од недостаток на концентрација и паметење. Освен тоа, кај жените таквиот јазик често е знак на можни хормонални пореметувања.

Advertisement