Пренесуваме соопштение од Германската Амбасада во Скопје.

Северна Македонија од 27.02.2022 г. не важи веќе за подрачје со висок ризик според одредбата за влез во услови на корона-пандемијата.

Одлуката за дозвола за влез ја донесуваат службениците на граничната контрола врз основа на важечките правила и проценката што ја прават по должност.

Германската амбасада Скопје нема никакво влијание на одлуката за влез. Доколку не сте сигурни и имате прашања, Ве молиме обратете се на англиски или германски јазик на германската Сојузна полиција (формулар за контакт).

Advertisement

Понатамошни правнообврзувачки информации може да најдете на англиски и германски јазик на интернет-страните на германското Министерство за внатрешни работи (види точка 4) и на германското Министерство за здравство.

Влез од Северна Македонија во Германија е можен:

1. Или со целосна вакцинација

2. или со нужна причина, со потврда за негативен тест или потврда за прележан ковид

3. или ако целта е транзит со доказ за вакцинација, негативен тест или потврда за прележаност

Информирајте се за важечките ограничувања на јавниот живот во Германија

На многу места во Германија моментално важат ограничувања на јавниот живот, кои делумно зависат од локалната епидемиолошка ситуација, и може да се променат во секое време.

Сојузната влада и сојузните покраини го ограничија пристапот, меѓу другото, кон сместувачките капацитети (особено хотелите), гастрономијата (ресторани, барови, клубови и слично), како и кон рекреативните, културните и спортските настани само на лица кои поседуваат доказ за вакцинација или прележаност („2Г-одредба) т.е. со дополнително приложување на негативен тест („2Г плус“) и може да преземат и други ограничувања.

Германија начелно ги признава само вакцините и лиценцираните производи одобрени од Европската Агенција за лекови (ЕМА). Освен тоа, делумно се прифаќаат само дигиталните КОВИД-сертификати на ЕУ и еквивалентните сертификати (важечките сертификати од Северна Македонија се признати од ЕУ како еквивалентни).

Со тоа, со други странски сертификати (физички или дигитални) не е можно да се присуствува на одредени места и настани. Од тие причини, Ве замолуваме уште пред да патувате во Германија да се информирате самите, дали Вашето патување и активностите што се планирани за време на патувањето, се изводливи.

Информации во врска со ова може да се најдат на веб-страните на сојузната покраина, во која патувате. Германските амбасади не може да преземат никаква одговорност или советување во овој контекст.

Информирајте се за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа

Ве молиме, пред можниот влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, да се информирате кај нивните надлежни служби за важечките ограничувања за влез во овие држави. Можно е, Германија да Ви дозволи влез, но не и овие други држави (можеби дури иако целта е транзит за да стигнете до Германија).

Извор:Германската Амбасада во Скопје

Advertisement