Македонската православна црква и верниците денеска го празнуваат денот на преподобниот Никита Исповедник.

Станува збор за светец кој уште во рана возраст се одрекол од светот и се впуштил во монашка кариера.

Како архиепископ особено бил милостив кон бедните, сиромашните, вдовиците и безвредните, па на овој ден секој треба да посвети посебно внимание на оваа категорија луѓе.

Доблеста на свети Никита се огледа и во тоа што во моментот кога против иконите се крена злобниот Ерменски Лав, и овој светител стана со намера да ги брани иконите, поучувајќи го императорот за важноста на иконите.

Advertisement

Поради ова претрпе разни понижувања, лоши јазици, но и затворски казни. На крајот, тој беше прогонет.

Во текот на животот направил многу чуда со молитва, а кога умрел неговото тело било пренесено во манастирот. На самиот погреб многу болни луѓе кои го допирале неговото тело ненадејно оздравеле. Неговите мошти беа положени до гробот на неговиот духовен отец Никифор и неговиот пријател Атанасиј. Починал во 824 година.

Затоа денес погрижете се да давате милостина на оние кои имаат потреба.

Обичаи и верувања

Според народните верувања, на овој ден треба да ја исчистите куќата и да ги посетите вашите најблиски. Кавгите треба да се избегнуваат и не треба да си ја шиете гардеробата или да земате игла денес.

Advertisement