Магдоносот не е само омилениот зачин за супи и јадења, туку е и многу благотворна билка која уште одамна се користи во народната медицина за ублажување на бројни тешкотии.

Лековити се коренот, листот и семето од магдоност.

Плакнење на очите

Во 300 мл зовриена вода сварете 2 лажици ситно исецкан лист од магдонос 2-3 минути и оставете да се олади. Потоа процедете преку стерилна газа, па со чајот неколку пати во текот на денот исплакнете ги очите.

Advertisement

Облоги за капаците

Шест гранчиња од добро измиен лист од магдонос исушете ги на хартиена салфета. Ставете ги на капаците, преврзете со газа и држете ги колку можете подолго, по можност до наредното утро. Наутро кога ќе ги отстраните направете го тоа во затемнета просторија.

На овој начин сигурно ќе ја елиминирате инфекцијата во очите или отокот на очните капаци кои ве измачуваат.

Advertisement