Измешајте го јогуртот со овие три состојки и заборавете на стомачните проблеми

За нормално функционирање на метаболизмот потребно е одвреме-навреме да се врши детоксикација на цревата, а тоа можете да го направите на природен начин со помош на хранливи и лековити намирници. Денеска ќе ви понудиме рецепт кој се препорачува за луѓе кои често имаат проблем со запек и надуеност, бидејќи со редовна и долготрајна употреба се нормализира перисталтиката без дополнителна стимулација.

Ова јадење се препорачува да се јаде наутро на празен стомак и навечер наместо вечера.

– 250 мл јогурт со малку маснотии или домашен кефир
– 100 ml вода
– 2 лажици мелено ленено семе
– 2 сливи
– 1 лажица суво грозје

Advertisement

Начин на подготовка
1. Сувото овошје прелијте го со 100 мл топла вода и оставете ги околу 15 минути додека не набабруваат и изладат. Во меѓувреме сомелете го лененото семе.
2. Сувото овошје заедно со водата се става во блендер, се додава јогуртот и меленото ленено семе.

3. Мешајте додека сите состојки не се измешаат рамномерно. Откако ќе ја конзумирате оваа смеса наутро, во следните половина час не треба да земате ништо друго.

Во текот на денот треба да пиете колку што можете повеќе вода или незасладен чај, а вечерата да се прескокне. Овој пијалок е одличен бидејќи е богат со хранливи материи и влакна, кои одлично делуваат против запек и надуеност!

Advertisement