Солта е потполно безбедна за употреба, а исто така е и евтина, така што нема да ви го уништи буџетот.

Пробајте ги овие неколку ефективни трикови, подоцна ќе ни се заблагодарите.

Држете ги мравките подалеку
За да ги отстраните мравките од вашиот дом, односно да ги чувате подалеку од шкафовите за храна или прозорците, задолжително ставете малку сол на рамката на прозорецот или на која било друга погодена површина. Кога ја користите солта на овој начин, ќе го намалите нивото на влажност.

Ги чисти прозорците

Advertisement

За да ги исчистите прозорците и да се ослободите од тврдоглавите дамки од стаклото, треба да измешате 1-2 лажици сол во четири литри топла вода. Користете ја оваа смеса за чистење на извалканите прозорци, и во домот и во автомобилот. После тоа, вашите прозорци ќе останат чисти долго време.

Полира месинг, сребро и бакар
Солта е наједноставното некорозивно средство за овој проблем. Направете паста од сол и оцет и со неа истријте ги вашите украси за да заблескаат по испирање. Мешавината од сол и оцет ќе раствори секаков вид нечистотија.

Чист одвод на мијалник
Измешајте сол и топла вода и истурете ја смесата во мијалникот. Солта ќе ги стопи масните наслаги кои го затнуваат мијалникот и создаваат непријатен мирис

Ја освежува бојата на вашиот домашен текстил
Солта можете да ја користите и за да го вратите првобитниот интензитет и сјај на бојата на завесите и теписите по само едно перење. Сè што треба да направите е да натопите крпа во концентрирана солена вода и потоа да ги исчистите завесите и теписите со неа. На овој начин ќе исчистите дамки кои речиси е невозможно да се отстранат со купените детергенти.

Спречува собирање на облеката
За да спречите алиштата да се собираат при перење, треба да ставите малку сол во машината за перење при последното перење. Ако ги сушите алиштата надвор на сонце, ова е исклучително ефикасен метод.

Advertisement