Нема вкусно јадење без добра запршка
Јадењата со запршка за задолжителен дел од нашата кујна и покрај тоа што не се сметаат за најздрави, честопати токму тие се наоѓаат на нашата трпеза бидејќи се највкусни и најмногу заситуваат.

Така на пример, гравот ќе ви биде голема утка ако не направите добра запршка.

Гравот може да се запржи на неколку начина, а секој начин има свој шмек. Во некои краишта запршката се прави со свинска маст, во други со сланина, а во некои запршката се прави без брашно.

Класична запршка за грав

Advertisement

Се прави од масло, брашно и мелена пиперка. Приготвувањето е лесно. Брашното се пржи додека не добие златна боја, се додава пиперка и полека се разредува со малку чорба од лонецот со варениот грав. Потоа сето тоа се сипува во гравот и по желба се остава уште неколку минути на оган.

Запршка со кромид и домат

Прво, целосно сварете го гравот, а потоа во друг сад, запржете 1-2 ситно сечкани главици кромид додека не омекнат, додајте мелен домат и мелена пиперка. Кога водата ќе испари, додајте малку брашно растворено во вода, а потоа и исцедениот сварен грав. Пржете го јадењето додека згусне.

Запршка без брашно

Популарна е во некои краишта во северна Бугарија, а се прави вака: прво се вари гравот, а во меѓувреме во друг сад се загрева масло или маст. Со лажица со решетки се вади гравот и се става во маслото, а истовремено внимателно се притиска. На овој начин се префрла целиот грав. Се зачинува со нане, чубрика, мелена пиперка и тогаш е готов.

Advertisement