Киселата зелка претставува вистинско богатство на калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, помали количини натриум и поволен однос на калциум и фосфор, обезбедува максимално искористување на калциумот во организмот и ја прави оваа намирница многу корисна по нашето здравје.

Зелката, при процесот на киселење, создава исклучително активен кобалмин (витамин Б12), кој инаку се наоѓа исклучиво во намирници од животинско потекло.

Истражувањата потврдуваат дека зелката по содржина на витамин Ц слободно може да се мери со лимонот и портокалот (во 100 гр зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка поседува и пиридоксин (витамин Б6), без кој белковините воопшто не би биле искористени.

Исто така, киселата зелка е извор на ниацин (витамин Б3), потребен за клеточната енергија, целокупниот метаболизам, размената на материи во мозокот.

Advertisement

Кај нас е познато дека рсолот е напивка која се користи како лек за сите тегоби поврзани со дигестивниот систем, како и народен лек за намалување на отоците во зглобовите. Меѓутоа, малку е познато дека сокот од сирова зелка, покрај што е богат со витамин Ц, туку е и лековита напивка за многу болести, како чир на желудник и воспаление на дебелото црево.

Лековити својства на киселата зелка:

1. Го подобрува расположението – 2. Го прави организмот отпорен на стрес – 3. Активира размена на материи во мозокот – 4. Помага при создавање на црвени крвни зрнца – 5. Ја стимулира работата на клетките и делува подмладувачки – 6. Помага при изградбата на коски – 7. Ја регулира и ја намалува количината масни материи и холестеролот во крвта – 8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите – 9. Допринесува за обновување на истрошеното врзувачко ткиво

Advertisement