Здравиот појадок е половина од вашето здравје!




Качамак содржи доволно минерали, хранливи материи и витамини кои му се потребни на телото за нормално функционирање.
Содржи природни масти, односно каритеноиди, а токму овие здрави масти се одговорни за неговите моќи кои промовираат подобро и подобро функционирање на цревата.




Одличен е за губење на вишокот килограми, бидејќи влијае и на доброто и здраво варење.
Пченката е одговорна за сите придобивки од ова вкусно јадење. Веднаш по пченицата и оризот, пченката се смета за најважното зрно во светот. Тоа е една од најдобрите намирници што го исполнува човечкото тело со долготрајна добра енергија.




Пченкарното брашно содржи голем број на хранливи материи. Ова брашно е одличен извор на фолати, витамини Б6, К и Е, пантотенска киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин.
Исто така, може да се пофали со висока содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.
Благодарение на пченката што ја содржи, качамакот има многу малку калории, поради што е идеален оброк за слабеење. Таа е една од најдобрите и најефикасните намирници кои се препорачуваат кога се во прашање диетите.




100 грама палента содржи околу 380 калории. Во својот состав содржи само природна материја, така што и нејзините јаглехидрати и липиди се позитивни за човечкото тело. Качамак е одличен избор за бебиња и деца.
Здрав оброк кој ќе им се допадне, особено ако е во комбинација со јогурт или некој зеленчук кој им се допаѓа на најмалите. Друга причина зошто овој оброк е идеален за деца е тоа што палентата спречува нагло опаѓање на имунитетот.




Зајакнувањето на клетките на дебелото црево е исто така уште еден успех што е забележан кај луѓе кои вклучиле палента во нивните редовни оброци. Освен што ќе ги зајакне, ќе има и антиоксидативно дејство на целиот организам, не само на цревата.




Го намалува холестеролот благодарение на добрите масти кои ги содржи, како и влакната и сложените јаглехидрати. Затоа, од овие причини палентата ќе ја спречи и појавата на вишок килограми.











