Грижата пред се




Менопаузата секако може да доведе до промени на кожата. Просечната возраст на жената за менопауза е 51 година, што со себе носи забележителни разлики во кожата. „Во текот на првите 3 години од менопаузата ќе изгубите 25% од колагенот“, објаснува дерматологот. Ова предизвикува разредување и сушење на кожата. Колагенот делува како навлажнувач, апсорбира огромно количество вода, па кога колагенот се намалува, има помалку вода во кожата.




Ова ќе зависи од вашата специфична рутина за нега на кожата и од тоа колку добро вашиот тен толерира интензивни активни состојки, како што е ретинол, но советите подолу ќе ви дадат некои насоки за тоа со кои состојки да се вооружите.
Хидратација
Кога на кожата и недостасува хидратација, таа може да стане прилично сува и чувствителна. Нивото на естроген значително се намалува во менопаузата, обично околу 53-годишна возраст, а тоа може да доведе до сувост на кожата, црвенило, чувствителност и недостаток на цврстина. Потребна е дополнителна хидратација за да се одржи кожата хидрирана и мазна.




Користете ретинол
Ако не сте почнале да користите ретинол порано во животот, не е доцна. Ретинолот на почетокот може да ја исуши кожата, па ако сте првпат, почнете постепено да воведувате ноќен крем на база на ретинол во вашата рутина 2-3 пати неделно. Побарајте формулации со навлажнувачки и смирувачки состојки – како што се хијалуронска киселина, глицерин и ниацинамид. Ова е особено корисно за ублажување на секоја сувост и чувствителност поврзани со првата употреба на ретинол и кожата во менопауза.




Обидете се со пептиди
Пептидите се одлични и за кожата во менопауза бидејќи ќе го стимулираат производството на колаген и ќе ја зголемат еластичноста на кожата. Пептидите се фрагменти од протеини, а протеините се градежни блокови на кожата. Тие можат да го сигнализираат производството на колаген во кожата работејќи како гласници помеѓу клетките, охрабрувајќи ги да градат повеќе колаген и еластин, што пак може да го подобри младешкиот изглед на кожата.
Нанесете фитоестрогени
Губењето на еластичноста се манифестира во форма на брчки, менувајќи ги контурите на лицето. Фитоестрогени – молекули кои се наоѓаат во репродуктивниот дел на растението, семките или корените – ги имитираат ефектите на естрогенот и се ефикасни во враќањето на изгубената еластичност на кожата на лицето.




Користете смирувачки производи
Со менопаузата доаѓа до промена на нивото на хормоните што може да предизвика црвенило. Смирувачките производи за нега на кожата и маглите за лице можат да бидат спасителни кога имате топлотен бран или сте загрижени за црвенило. Ако се будите во текот на ноќта, добро е да продолжите да ги освежувате, хидратантните магли за лице покрај вашиот кревет и да го користите како смирувачки спреј за ладење на црвената кожа.











