Кралицата на Црна Гора, Милена Петровиќ Његош, останала запаметена како жена што до крај го чувала образот на своето семејство и земја.

Родена како Милена Вукотиќ, таа била ветена за сопруга на Никола Петровиќ кога имала само шест години. На девет години се преселила во неговата куќа за да се подготви за идниот брак, а на 14 години се омажила за тогаш деветнаесетгодишниот Никола.

Милена родила дванаесет деца – девет ќерки и три сина. Позната е по тоа што дури и во егзил никогаш не ја соблекла црногорската народна носија. Починала во 1923 година во Франција, а нејзините посмртни останки, заедно со оние на кралот Никола, биле пренесени на Цетиње во 1989 година.

Меѓу нејзините деца најпознати се Јелена Савојска, кралица на Италија, и Зорка, сопруга на кралот Петар I Караѓорѓевиќ.
Милена останала симбол на достоинство, посветеност и мајчинска сила во историјата на Црна Гора.

Advertisement
Advertisement