Дали некогаш сте пробале печен стек во комбинација со сос на база на овошје? Свинското и сливите се одлична комбинација, додека шумското овошје одлично оди со говедско или дивеч.

Слатките и киселите ноти на шумски плодови одлично се комбинираат со црвеното месо, па затоа не е чудно што оваа комбинација на вкусови често се наоѓа на менито во рестораните за добро јадење ширум светот.

За среќа, можете да испечете стек дома и да го пробате со овој едноставен сос полн со вкус.

Состојки за сос од шумско овошје:

Advertisement
  • 100 гр боровинки
  • 75 гр капини
  • 65 мл балсамико оцет
  • 2 лажици сечкан свеж рузмарин
  • ¼ лажички дижон сенф
  • бибер по желба

Подготовка:

Во тенџерето ставете ги боровинките, капините, балсамико оцетот, свежо сечканиот рузмарин, дижон сенфот и биберот.
Гответе се заедно, повремено мешајќи, околу 10 минути додека не пукне овошјето и се згусне сосот.
Топлиот сос послужете го со бифтекот од црвено месо. Добар апетит!

Advertisement