Кога ќе најдете добар рецепт, задолжително зачувајте го и строго следете ги упатствата за подготовка, бидејќи само така ќе ги направите совршените крофни.




Крофните се омилениот деликатес на повеќето од нас, а единствено е да ја пронајдете вистинската мерка и да го направите пецивото совршенство:




Потребно:
- 250 мл кисела вода
- 20 гр квасец
- 1 жолчка
- 3 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици масло
- 1 лажица рендана кора од лимон
- 500 гр брашно Т-400 меко








Подготовка: Киселата вода треба да биде на собна температура, да не се загрева. Во садот за матење издробете го квасецот и додадете ја киселата вода.




Посипете со 1 лажичка шеќер и малку брашно, оставете да стаса. Во квасецот додадете ги жолчките, преостанатиот шеќер, ванилата, маслото и лимонот. Измешајте сè со 500 гр брашно. Оставете го да отстои на топло место 40 минути.




После тоа, измешајте го тестото и оставете го уште 20 минути. Сега да го расукаме тестото, не треба да биде премногу тенко. Крофните исечкајте ги со секач или чаша, оставете ги да нараснат уште 15 минути.




Добро загрејте ја маснотијата и поставете ја температурата на средна. Крофните ги ставаме на страната каде што не „лежеа“. Покријте ја тавата и почекајте крофните да поруменат. Тие брзо ќе завршат. На крајот посипуваме со шеќер во прав, пишува Kreativna domática.