Под кожата може да се формираат масни наслаги, таканаречени ксантоми…

Високиот холестерол е една од главните причини за кардиоваскуларни заболувања. Вишокот на оваа супстанца во крвта, исто така, може да влијае на појавата на срцев удар. И како знаете дека имате висок холестерол?

Покрај тестовите за крв, постои уште еден показател за високите вредности на овие масти, а тие можат да се видат на стапалата …

Со хиперхолестеролемија, под кожата може да се формираат масни наслаги, наречени ксантоми. Може да се појават насекаде по телото, но најчесто се појавуваат на стапалата. Овие “испакнатини” под кожата обично се меки, чешаат, а понекогаш дури и болни, а нивната големина се движи од многу мали, до повеќе од 7 см во дијаметар.

Advertisement

Меѓутоа, во повеќето случаи, високото ниво на холестерол не е придружено со забележителни знаци на предупредување. Лекарите истакнуваат дека правилната исхрана може да помогне да се намали лошиот холестерол.

„Намалувањето на внесот на заситени масти и нивното заменување со незаситени масти е одличен начин за намалување на нивото на холестерол“, објаснуваат експертите од Heart UK.

Заситените масти се масти што се наоѓаат во путер, маст, масно месо и сирење. И како што забележуваат експертите, рибата е добар извор на здрави незаситени масти, особено омега-3 масни киселини.

Advertisement