Рецепт за совршени палачинки.

Палачинките се омиленото, брзо задоволство на сите. Освен што се слатки, можат да бидат и солени, па затоа е убаво да ги подготвите и за појадок.

Еве еден рецепт. Состојки за меки палачинки:

  • 3 чаши брашно,
  • 2,5 чаши кисела вода,
  • 1 лажица шеќер,
  • малку сол
  • 1/2 лажичка прашок за пециво,
  • 1 кесичка ванилин шеќер,
  • масло

Подготовка:

Advertisement

Брашното измешајте го со киселата вода, шеќерот, ванилиниот шеќер, прашокот за пециво и прстофат сол, па измешајте со миксер додека не добиете тенка кашеста маса.

Додадете една лажица масло и уште малку измешајте.

Тавата со тефлонско дно е најпогодна за печење палачинки. Во тавата истурете неколку капки масло и кога добро ќе се загрее, истурете околу половина лажичка од течната смеса, колку да го покрие дното на тавата.

Кога едната страна од палачинката е испечена, превртете ја на другата страна. Пред да ја испечете секоја палачинка, додадете неколку капки масло во тавата.

Advertisement