Најчестиот проблем за повеќето луѓе е што гладуваат пред спиење, а тоа е најлошото можно време за јадење, особено со одредени намирници кои не се препорачуваат дури ни навечер.

Постојат намирници кои не треба да ги јадеме навечер, бидејќи не спречуваат да заспиеме. Одредени намирници или некои состојки во храната лошо влијаат на нашиот организам, што го нарушува процесот на спиење. Доволно е само да ги избегнувате овие намирници пред спиење и нема да имате никакви проблеми со сонот.

Зеленчук

Иако изгледа бесмислено – но некои зеленчуци не се добри за јадење пред спиење. Без разлика колку сте здрави – нешто едноставно треба да се избегнува навечер. Ова првенствено се однесува на зеленчукот кој е тешко сварлив, како што се никулците, брокулите, зелката

Advertisement

Слатки

Од истата причина зошто треба да ги избегнувате соковите – треба да избегнувате и слатки пред спиење. Високата содржина на шеќер сигурно ќе ве држи будни подолго отколку што сте планирале. Ова особено се однесува на чоколадото – кое го стимулира мозокот, го ублажува заморот и го забрзува метаболизмот – сето тоа е пожелно, но за почеток, а не за крај на денот.

„Тешка“ храна

Терминот „тешка“ храна значи многу зачинета и мрсна храна. Токму тоа треба да се избегнува доцна навечер. Проблемот е што телото мора да вложи дополнителен напор за да ја свари оваа храна, а таа „појако паѓа“ за време на спиењето. Така ќе ве држи будни додека не се свари, што може да потрае со часови.

Алкохол

Уште еден пијалок кој не треба да се конзумира пред спиење. Со оглед на тоа дека телото сака да го исфрли алкохолот што го внесувате – една или две чаши пиво пред спиење само ќе ве „примораат“ да одите во тоалет среде ноќ, можеби и повеќе од еднаш.

Сокови

Соковите генерално се полни со шеќер, кој на нашите тела им се допаѓа ако сакате да ги размрдате работите, да го подобрите вашето расположение или да ја подобрите концентрацијата, но тоа го убива сонот.

Advertisement