За време на динстањето ќе доминира мирисот на кромидот кој ќе се пробие низ целата куќа, коса и гардероба.

Главниот виновник за непријатните мириси е ослободувањето на сулфур од кромидот, што се јавува при термичка обработка. Сепак, постои начин на кој може да се избегне непријатниот мирис.

Главниот сојузник во борбата против силниот мирис на кромид е сода бикарбона.

Откако ќе го исецкате кромидот, треба да го ставите во тавче со загреано масло и една кафена лажичка сода бикарбона. Доколку се работи за големо количество кромид, повеќе од половина кг, потребно е да се додаде една лажица сода. Пропржете го кромидот како и обично.

Advertisement

Уште една добра работа е тоа што кромидот ќе се згусне и полесно се вари. Исто така, можно е да се избегне користење на спреј, бидејќи сода бикарбона убаво ќе го згусне кромидот и ќе го постигне истиот ефект како спрејот.

Овој трик го користат и професионалните готвачи.

Advertisement