Велика сабота е ден на тишина, наречен и Тивка сабота. Верниците го слават по Велики петок, односно ден пред Велигден, како спомен на времето кога Господ Исус Христос бил положен во гробот.




Верниците овој ден го сметаат за ден на тага, но во исто време и ден на чекање на радост, односно доаѓање на нов живот.




За Велика Сабота уште од античко време се практикуваат различни обичаи . Денот треба да помине во мир, тишина, молитви, а верниците постат.




На денешен ден се завршуваат Велигденските работи, се подготвува храна, се украсува домот.
Advertisement




Постои верување дека на овој ден треба да направите некое добро дело, за следната година да ви биде поуспешна.




На полноќ во храмовите се служи полноќна велигденска литургија.
Advertisement











