Знаевте ли дека нашето срце е толку моќно, што тоа продолжува да чука дури и откако ќе се извади од телото?
Сепак, ова не значи дека треба да ја занемарите грижата за еден од најважните органи во вашето тело.
Добро е редовно да ја проверувате состојбата на вашето срце, но нема потреба претерано често да одите на лекар.
Постои едноставен трик со кој ќе го проверите здравјето на вашето срце, а ќе ви одземе само 30 секунди:

Прв чекор
Ставете многу студена вода во сад во којшто ќе ви ги собере двете дланки. Можете да ставите и малку мраз за да ја разладите водата.

Втор чекор
Ставете ги дланките во водата и држете ги внатре 30 секунди. Ова ќе ви покаже како реагира вашата крв кога е во допир со студено.

На крај, можете да добиете 2 резултати:

Advertisement

Поцрвенети прсти
Доколку после 30 секунди вашите прсти се црвени, ова се добри вести. Тоа значи дека немате никаков проблем со оксигенацијата на крвта, а срцето и циркулацијата се во ред.

Побелени или помодрени прсти
Ако забележите дека вашите прсти се побелени или модри, тогаш најверојатно имате проблеми со циркулацијата. Најчесто ова се случува бидејќи во црвените крвни зрнца има малку кислород.

Во овој случај, масирајте ги и стоплете ги прстите.

Ако забележувате и симптоми како испрекинато дишење, треска, главоболка, болка во градите, потење, вртоглавица или губење свест, веднаш одете на лекар.

Храна што го подобрува здравјето на срцето
Можете да го подобрите здравјето на вашето срце ако почесто ги консумирате следниве продукти:

– Лук: Го намалува крвниот притисок
– Темно чоколадо: Го нормализира крвниот притисок и го намалува ризикот од воспаленија
– Цимет: Го намалува ризикот од срцеви заболувања и атеросклероза
– Авокадо: Го намалува нивото на „лошиот“ холестерол и помага во чистењето на артериите

Advertisement