Голем број луѓе живеат во станови под кирија, а многумина мораа да платат за поправки на недвижен имот иако не се сопственици, па многу станари се прашуваат дали тоа е нивна обврска.

Законот за облигационите односи дефинира дека закуподавачот е должен да ја одржува стварта во исправна состојба за време на траењето на закупот и да ги изврши потребните поправки на истата, се вели дека закуподавачот е должен да му ги надомести на закупецот трошоците што ги направил подзакупецот за одржување на имотот, а за тоа бил должен самиот закуподавач.

„Трошоците за помали поправки предизвикани од редовното користење на стварите, како и трошоците за самото користење се на товар на закупецот“.

Од адвокатска канцеларија објаснуваат дека Законот јасно дефинира дека инвестициските поправки ги плаќа сопственикот на станот. Инвестициските поправки се однесуваат на сите поголеми поправки во станот, како поправки на котли, машини за перење, шпорети, фрижидери…

Advertisement

„Сопственикот и подзакупецот можат да се договорат поинаку во договорот, подзакупецот да плати за поправката. Во спротивно, тековните поправки во смисла на замена на светилки и слично дефинитивно треба да ги плати закупецот според Законот“, објаснуваат од адвокатска канцеларија.

Дека сопственикот на станот и закупецот може да се договорат кој ќе ги плати поправките потврдија и од агенцијата за недвижности.

„Доколку работите во станот се нови, најчесто се склучува договор дека во првите шест месеци од живеењето, сопственикот на станот ги плаќа поправките. После тоа секој дефект го плаќа закупецот“, наведуваат од агенцијата.

Сопственикот на станот и подзакупецот во договорот можат да се договорат на кого ќе одат трошоците за плаќање на поправки. Доколку тоа не е дефинирано во договорот, Законот за облигационите односи дефинира дека сопственикот на станот плаќа инвестициски поправки.

Advertisement