Aко сакате да спиете и би направиле се за уште 15 минути сон, тогаш веројатно рано станувањето е вистинска агонија за вас.

Сепак, експертите истакнуваат дека ранобудниците имаат голема предност пред другите. А особено е важно да се разбудите пред 7 часот наутро. Еве зошто е добро за вашето тело:

1. Имате време да се разбудите
Истражувањата покажуваат дека добро познатиот „утрински пад“ трае меѓу два и четири часа. Ако се разбудите во 08:30 за да бидете на работа во 9 часот, многу е можно да не бидете подготвени веднаш да почнете да ги исполнувате обврските. Со будењето порано, му давате шанса на вашето тело да се разбуди природно. Иако на почетокот ќе ви биде тешко да станете порано, подоцна кога тоа ќе стане дел од вашата рутина, ќе бидете благодарни и ќе забележите дека имате повеќе енергија.

2. Ризикот од депресија е намален

Advertisement

Оваа ставка се однесува на жените. Студијата објавена во Журналот за психијатриски истражувања покажа дека жените кои се будат порано имаат помал ризик од развој на ментални болести како депресија, анксиозност, нарушувања на расположението и други. Ова има смисла особено ако го земеме предвид фактот дека спиењето го регенерира нашето здравје.

3. Пооптимисти сте
Според едно истражување од 2014 година, ранобудниците се помалку склони кон негативни и тешки мисли од оние кои остануваат будни до доцна. Многумина од нас се соочуваат со стресни мисли пред спиење, поради што често не можеме да заспиеме долго време. Иако нема копче едноставно да ги исклучите мислите за такво нешто, важно е да работите на размислување за убави нешта.

4. Ранобудниците се поуспешни
„Кога станува збор за деловниот успех, утринскиот тип на луѓе се далеку напред“, тврди биологот Кристоф Рендлер. Рандлер објасни дека неговото претходно истражување, кое опфатило 367 студенти, покажало дека оние што станувале порано добивале подобри оценки, што на крајот ги довело до одлични деловни можности. „Луѓето од утринскиот тип се повеќе склони да се справуваат со проблемите. Тие се попроактивни, што им овозможува да имаат подобар успех на полето на кариерата“, додава тој.

5. Ќе го подобрите квалитетот на сонот
Оние кои рано стануваат имаат многу поквалитетен сон, покажале бројни истражувања. „Ноќните птици“ имаат тенденција да развијат нарушувања на спиењето и затоа спијат помалку од луѓето кои го започнуваат денот порано. Постојано слушаме колку е важно да му обезбедиме на телото осум часа сон и како токму тоа е тајната на здравјето и убавината. Но, нема да можете да го направите ова ако продолжите да го одложувате повикот за будење наутро. Оние кои ќе станат порано навечер полесно ќе заспијат и така ќе се одморат, пишува Крстарица.

Advertisement