Рејчел Питер (23) боледува од многу ретка алергија – на вода

Рејчел е ветеринарна техничарка која дознала за оваа тешка дијагноза откако на нејзината кожа почнала да се појавува болен осип при секое туширање или миење раце, пренесува „Unland“.

Ако испие повеќе од 120 мл вода, ако обилно се поти или се тушира, се појавува невиден осип на кожата.

Поради сето ова, таа може да се тушира ​​само два пати неделно.

Advertisement

Првите кожни реакции почнаа да се појавуваат кога имав 18 години. Се истуширав, се исушив со крпа и забележав осип. Почна да боли, и секој пат стануваше се полошо и полошо. Дојде до таму што плачев. На почетокот на минатата година отидов на лекар – рече таа.

По неколку прегледи и различни мислења се посомневале за ваков тип на алергија со биопсија на кожа, а тестовите кои ги направила го потврдиле сомнежот. Таа не била шокирана бидејќи знаела дека симптомите се предизвикани од вода.

– Ми беше полесно бидејќи имав одговор и знаев дека не сум сама – рекла девојката која не знае да плива и не смее да се намокри.

Овој тип на алергија погодува околу 50 луѓе во светот.

Advertisement