Истражувањето покажува и дека незадоволството на паровите се одразува и на нивниот љубовен живот




Најчеста причина за кавги меѓу паровите е домашната работа која многумина се уште ја сметаат исклучиво „женска“.




Кавгањето не е невообичаено меѓу паровите. Уште повеќе, истражувањата покажуваат дека за секоја врска е многу подобро паровите да се караат отколку да молчат за проблемите.




Сепак, дали некогаш сте се запрашале која е најчеста причина за расправии меѓу паровите? Новото истражување покажува дека најчестите расправии меѓу паровите се случуваат токму поради миење садови.




Споделувањето на активности во домаќинството е сè почеста појава, меѓутоа, во многу домови се уште постои ставот дека тоа е „женска“ работа, а резултатите од истражувањето сосема очекувано покажуваат дека жените во таквите врски се почесто се незадоволни од глобална врска.




Оние парови кои подеднакво ги делат домашните работи се генерално многу позадоволни од нивната врска, а тоа секако се одразува и на квалитетот на нивниот сексуален живот.




Поточно, жените кои секогаш сами ги мијат садовите често се помалку заинтересирани за се*и, делумно поради замор, а делумно поради чист револт.











