Иако се работи за многу ниски бранови, тие привлекуваат големо внимание поради нивниот интересен изглед

Интересен феномен на Јадранското Море е забележан во вторникот во заливот Бачвице, Далмација.

Имено, нешто што наликува на т.н „вкрстени бранови“, кои настануваат кога доаѓаат од различни правци и се судираат, создавајќи квадрати на површината на морето. Иако се работи за многу ниски бранови, тие привлекуваат големо внимание поради нивниот интересен изглед.

– Овие бранови често се појавуваат на Бачвице кога дува југот, што ги турка брановите под агол од околу 45 степени до тој дел од брегот. Нивната форма е таква поради длабочината на морето, која е мала. Затоа, според мене, тоа е рефлексија, а не два брана кои настануваат поради насоката на два ветрови, односно природна појава позната како квадратни бранови – вели за Слободна Далмација, д-р. Ивица Вилибиќ од Институтот Руѓер Бошковиќ.

Advertisement

„Вистинските“ вкрстени бранови се јавуваат кога брановите од еден временски систем продолжуваат да се движат во иста насока. Иако има поместување на ветерот, тоа предизвикува брановите создадени од новиот ветер да се поместат под агол, создавајќи опасна шема.

На површината изгледа безопасно, но под вода има силни струи кои можат да предизвикаат големи проблеми за бродовите.

Advertisement