Уште едно женско лице од Турција е спасено од урнатините по земјотресот што ја погоди таа земја, благодарение на српскиот тим на спасувачи. Иако сите полека губат надеж дека ќе најдат некој жив под урнатините, српските пожарникари-спасувачи се решени да стигнат до секој затрупан.

Тие денеска успешно спасија 17-годишна девојка која била под урнатините на седумкатница, која била под урнатините цели 108 часа.

Пожарникарите-спасувачи откако работната машина почнала да отстранува слој по слој арматура, го слушнале тивкиот лелек на повредената девојка, а храбрите пожарникари-спасувачи цели 3 часа неуморно се обидувале да ја ослободат. Спасувачите со здружени сили го извадиле девојчето со помош на штица и го предале на медицинските служби.

45 членови на Специјалистичката екипа за спасување од урнатините на Секторот за вонредни состојби на МВР од Белград, Нови Сад, Крагуевац, Ужице, Ваљево, Ниш и Бор, како и кучето за спасување Зиги, им помагаат на Турскиот народ со денови по разорниот земјотрес.

Advertisement
Advertisement