На нашите простори малку се знае за „чуварот на здравјето“ или „кралскиот зеленчук“ и ретко се подготвува, иако е богат со лековити својства. Високото ниво на витамини Б6, А, Ц, К и Е, калциум, магнезиум и цинк, како и влакна и протеини, го прават аспарагусот идеална храна за одржување на здравјето.
Со само 17 калории во 100 грама, аспарагусот е одлична храна за добра форма и идеална фигура, а во тоа ќе ви помогне хромот кој се наоѓа во растението со намалување на гладот. Нутриционистите веруваат дека покрај одржувањето на добра фигура, внесот на аспарагус го намалува холестеролот, го подобрува здравјето на срцето, го намалува крвниот притисок, има диуретични својства, помага при отежнато мокрење, а бидејќи е богат со калциум, го штити и здравјето на коските со намалување на губење на овој минерал од коските.
Покрај овие придобивки, фолната киселина од аспарагусот му помага на телото да се заштити од рак на белите дробови, дебелото црево и матката. Растението содржи и силен антиоксиданс, глутатион, кој го штити телото од слободните радикали кои предизвикуваат рак. Внесувањето на аспарагус особено се препорачува за трудници поради неговата фолна киселина.
аспарагус
Калиумот го регулира крвниот притисок, железото е од суштинско значење за транспортот на кислородот, а ниската калорична содржина на аспарагусот е корисна за одржување на здрава телесна тежина. Зелениот аспарагус е вкусен и хранлив, давајќи многу здравствени придобивки.
Уште од античко време, аспарагусот се смета дека има силно афродизијачко дејство, не само поради неговата фалична форма, туку и поради високата содржина на витамин Е, попознат како „витамин за плодност“.
Вистинското време за уживање во благодетите на аспарагусот е токму сега, бидејќи неговата сезона започнува во средината на април и завршува на 24 јуни, а Германците го јадат речиси секој ден во мај и јуни.
Еве како можете да го подготвите ова зелено богатство.











