




Хелен Ли, медицинска сестра од Англија, на социјалните мрежи го сподели својот трик со кој без многу мака можела да му даде лек на бебето.




Секој пат кога се обидувала да му даде лек на своето болно бебе, барем половина завршувала на бебето или на подот. За да го реши тој проблем, таа прибегнала кон трик што го открила на Интернет и воодушевила море од мајки.




Шприцот со лекот го ставила во силиконската цуцла, односно капачето од шишето и без проблем му го дала лекот на бебето.




Детето инстинктивно посегна по „шишето“ и не ни сфати дека пие лек. Секако, пред да се одлучите да го испробате овој трик, задолжително консултирајте се со педијатар.
Advertisement

Advertisement











