Компоненти

    • 6 шољи вода
    • 2 шољи ориз
    • 3 шољи млеко
    • 15 лажици шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 пудинг ванила
  • цимет по желба

Подготовка

Оставете ја водата да зоврие, па кога ќе зоврие додадете го оризот и промешајте да не изгори. Кога е речиси готов, додадете млеко, шеќер и ванилин шеќер.

Пред да го извадите, но уште да е редок, додадете го пудингот измешан со малку млеко. Повторно ставете го на шпорет на кратко додека не удри еден клуч и толку.

Advertisement

Во влажни чинии ставете топли сутлијали, ако сакате одозгора ставете цимет, ако не, убаво мириса со ванила и без него. Суво грозје може да се додаде, оригиналниот рецепт е со него, а мојот без него.

Advertisement