Недостигот од работна сила е се поголем проблем од година во година, а особено ескалира со доаѓањето на туристичката сезона. Се проценува дека оваа година во туристичкиот сектор во Хрватска ќе има недостиг од 30.000 до 35.000 работници.

„Во овој момент да се најдат работници во угостителство и градежништво е навистина незгодна работа. Кога го отворивме кафулето УГП, буквално дваесет дена никој не ни се јави.

Секако, едно од решенијата тогаш е увозот на работна сила“, изјави за „Слободна Далмација“ Хрвоје Бујас од Здружението „Глас на претприемачите“.

„Ресторанот во Ле Меридиен сè уште не е отворен бидејќи човекот што го изнајмил просторот не може да најде работници. Велигден беше добар во хотелот, но едноставно не најде келнери и готвачи“, вели Хрвоје Бујас.

Advertisement

Со падот на населението има се помалку вработени, а дополнителен проблем е и заминувањето на работници во странство.

„Голем број хотелиери се вмрежени со агенции кои увезуваат работна сила од Индија, Непал… Сега тие се надеваат на жени од Украина на кои им се нудат работни места за чистење.

Увозот на работна сила сега цвета“, вели Бујас, коментирајќи дека ситуацијата се олеснува бидеќи нема ограничувања за вработување во угостителството и градежништвото.

„Сега треба да го правиме она што постојано го кажуваме, а тоа е вишокот вработени во администрацијата за три до пет години да се префрли на берзата на трудот и утре кога на пазарот ќе има недостиг од работна сила треба да се направи кратења во бирократијата, па ќе одат на берза кога ќе немаат каде да најдат нова работа!

Така би заживеал пазарот на трудот. Згора на ова и целиот наш образовен систем е погрешно поставен, добиваме еден куп правници и економисти, а немаме столари, готвачи, градежници“, рече Бујас.

Платите за сезонски работници во Хрватска вртоглаво растат, пишува хрватски „Дневник“. Недостигаат работници, а највисоки се платите за готвачи и келнери. На огласите за овие две професии се нудат плати и до 35.000 куни, што е околу 4.600 евра.

Платата од 35.000 куни за готвач се нуди во оглас од далматински ресторан. На Истра се бараат повеќе готвачи за нето-плата од 3.000 евра.

Меѓутоа, според експертот за кулинарство Драган Вишковиќ, платата зависи од времето и барањата на работното место. Но оваа работа бара долготрајно вложување и знаење, посочува тој.

Недостигот на готвачи е последица на повеќе фактори, меѓу кои и ниските плати во минатото, според готвачот Амел.
Затоа, некои хотелиери со време бараат квалитетен кадар и ги зголемиле платите за летниот период. Некои хотели доделуваат и бонуси за готвачите што ќе работат максимален број работни часови.

Почетните плати за готвачите се движат од 10.000 до 20.000 куни, а оние за келнерите почнуваат од 7.000 куни. Просечната нето-плата во Јадранскиот Регион за работни позиции поврзани со угостителството од јули до септември изнесува околу 6.000 куни.

Advertisement