Нашиот народ со векови верувале дека денот посветен на преподобните Ксенофон и Марија е ден кога семејството мора и треба да биде заедно.

На овој ден е обичај семејно да се оди во црква и да се запали свеќа за исцелување. Ако го направите ова, се верува дека среќата ќе го следи вашето семејство во текот на целата година.

Дури и ако не верувате во овие обичаи и ги сметате за „таткови“ приказни, поминете го денешниот ден со вашите најблиски. Зборувајте, шегувајте се и смејте се. Ќе видите, љубовта ќе ви се врати стократно, пишува Историски забавник.

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут), но се случи бура да го потопи коработ со кој пловеа. По Божја Промисла, Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека се удавил.

Advertisement

Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири. После две години нивните ужалени родители појдоа во Јерусалим на поклонение на светите места. Таму со помош на прозорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија.

Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние кои веруваат во Него, како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во уште поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век. За овој Јован се смета дека е оној што е наречен Лествичник.

Advertisement