Орхидеите растат скоро насекаде низ светот, освен во пустините и на Арктикот. Познати се околу 1000 родови и 15.000 видови на орхидеи. Кај нас најпознати се два типа на орхидеи: родот Cymbidium и родот Phalаenopsis.




Видовите на орхидеи од овие два рода имаат нешто заедничко – бараат влажност и светлина. Првите се чуваат во темни садови на пониска температура (околу 10°С), а вторите во проѕирни садови (затоа што и на корените им е потребна светлина), на повисока температура (околу 18°С).




Откако ќе прецветаат се пресекува (дијагонално) гранчето на кое цветале, но не долу, туку веднаш после последниот цвет односно пред членчето.




Секој член/јазол е пoтенцијална нова цветна гранка. Здрави орхидеи, израснати во идеални услови (собна температура не помала од 16-17°C) треба да цветаат цели осум недели, по што цветот полека ќе почне природно да си паѓа од надолу па нагоре. Орхидеите во идеални услови цветаат до 3 пати во годината.




Ви носиме рецепт како ПОЖОЛТЕНИ И ТРУЛИ ОРХИДЕИ да ги вратите во ќивот!




Ако цветовите на орхидејата избледат, а пупките пожолтат и паднат, има решение. Многу љубители на орхидеи веруваат дека можете да ја оживеете орхидејата со давање цимет во прав. Овој трик ќе им помогне на орхидеите да оживеат и да создадат нови цветни гранки и нови лисја:




ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО:











