Една жена решила да го следи примерот на жените во Јапонија кои следат една стара традиција, и еден месец наутро да пие вода на празен стомак. Ја интересирало што ќе се случи и дали навистина дејствува, дали навистина се добива поубав тен и повитка фигура. Водата ја пиела веднаш по будењето.

Дојдов во фаза на животот кога мислев дека не би ни можела да имам помалку енергија и полоша кожа и коса. Телото ми праќаше сигнали дека не работи како што треба. Бев постојано уморна. Морав нешто да преземам. Го проучив обичајот кај Јапонките кои пијат вода на гладно срце, веднаш штом ќе се разбудат. Решив да пробам, раскажува таа.

Ова се нејзините совети:

– Испијте две до три чаши вода веднаш по будењето, на празен стомак и пред да си ги измиете забите. Ако ви е тешко да испиете толку многу вода. Почнете со една чаша, па потоа пијте повеќе сѐ додека не стигнете до три.

Advertisement

– Следните 45 минути не јадете ништо.

– Не јадете и не пијте ништо два часа по појадокот, ручекот и вечерата
А ова се промените кои се случиле кај неа:
Се чувствувала посвежо и поздраво

Неколку дена откако почнала со пиењето вода по будењето, почнала да се чувствува некако полесно. Вели дека почувствувала дека телото побрзо ѝ се ослободува од токсините.
Ѝ се забрзал метаболизмот

Престанала да чувствува глад на секој час. Престанала желбата за грицки меѓу оброците и почувстувала дека има повеќе енергија.
Го изгубила вишокот килограми

Бидејќи не чувствувала глад како порано, јадела сѐ помалку и без многу маки се ослободила од вишокот килограми. Исто така, бидејќи имала повеќе енергија, почнала и да вежба.
Ја снемало горушицата

Пред утринското пиење вода, страдала од лошо варење и од рефлукс. Сето тоа го снемало. Го снемало и чувството на непријатност по секој оброк.
Кожата почнала да ѝ изгледа сѐ поубаво.

Порано луѓето ѝ зборувале дека изгледа премногу старо за своите години. Сега има помалку брчки налицето, кожата ѝ изгледа здраво и блескаво, па автоматски изгледа помлада.
И косата ѝ е сѐ поубава и поздрава

Порано косата ѝ била многу кревка и често пукала. Двапати месечно морала да оди на потстрижување на врвовите. Сега веќе не пука толку ѝ изгледа блескаво.
Ги снемало уринарните инфекции

Според нејзините кажувања, третманот со вода и помогнал во лекувањето на уринарните инфекции. Веќе не чувствува пецкање додека мокри.
Ѝ зајакнал имунитетот

Повеќе не е толку болешлива како порано и се чувствува многу поздраво.

Advertisement