Лукот е една од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е затоа што на секое јадење му дава посебна арома, а згора на се е корисен и за здравјето.




Најдобро е да се консумира сиров, бидејќи неговата активна состојка алицин ги губи својствата доколку се обработи термички.
Суровиот лук може да ви помогне со многу медицински состојби, па дури и лекарите го препорачуваат. Може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и холестеролот, да спречите коронарна срцева болест и срцев удар. Многу е корисен и за ублажување на атеросклероза, пишува Family Health Freedom Network.




Одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем, а помага и за детоксикација на телото и значително слабеење.
Како да користите лук за слабеење Излупете 2-3 чешниња лук.




Исечете го што е можно поситно и оставете го настрана најмалку 15 минути пред да ја јадете смесата. Сега измешајте го со една лажица домашен мед. Оваа смеса консумирајте ја на празен стомак секој ден. По неколку дена ќе забележите како се чувствувате поенергично, поживо и здраво!




Но, по седум дена ќе забележите и дека значително сте ослабеле.
Повторуваме, најдобро е да го консумирате ова на празен стомак, бидејќи така телото полесно ги апсорбира хранливите материи.




Пробајте го и уверете се сами!











