Ако сметате дека лимоните се само за десерти и освежителни пијалаци, тогаш се надеваме дека ќе ви го промениме мислењето. Ова овошје може да биде многу покорисно отколку што мислите. Лимоните се одлични за вашето здравје, а можете да ги користите и во вашата рутина за убавина. Покрај тоа, тие се достапни и се со прифатлива цена. Па, погледнете како да го извлечете најдоброто од ова овошје.

1. Лимоните имаат многу антиканцерогени својства

Како и многу свежи овошки, и лимоните имаат антиканцерогени својства. Неодамнешно истражување од септември 2017-та година ја нагласува важноста на цитрусните овошја во намалувањето на ризикот од рак. Полн со витамини, сокот од лимон ги штити вашите клетки од оштетување кое може да предизвика многу болести. Лимоните имаат вредни хранливи материи како витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, калиум и влакна. И кората на лимонот содржи антиканцерогени состојки. Се покажало дека може да го намали ризикот од рак на белите дробови, црниот дроб и многу други видови.

2. Природно отстранување на брчките

Advertisement

Не можете да го сопрете процесот на стареење, но со лимоните можете значително да ја намалите видливоста на брчките. Маслото од лимон ја намалува оштетеноста на површината на кожата. Лимоните се богати со витамин Ц кој пак го поттикнува производството на колаген и ја враќа еластичноста на кожата. Природните ензими во лимоните ги намалуваат проширените пори и ја спречуваат појавата на нови.

Во борбата против брчките можете да користите домашно направени производи. Исечете парче лимон и втријте го на проблематичните места. Можете да изрендате и кора од лимон и да ја нанесете како маска. Според Американската академија за дерматологија, ефектите се видливи по еден месец. Па, не очајувајте ако не забележите подобрување уште првата недела.

3. Вода со лимон за слабеење

Витаминот Ц докажано го намалува нивото на кортизол, стрес хормон кој предизвикува глад и складирање масни наслаги. Не постои единствен вид храна или пијалак кој значително ќе ја намали вашата тежина, но ако јадете одредена храна или пиете одредени пијалаци во комбинација со здрава програма за слабеење, тие ќе ви помогнат побрзо да стигнете до посакуваните резултати. Покрај тоа, ако наместо кафе или сок пиете вода со лимон, ќе внесете многу помалку калории. Лименка од 330 милилитри Кока-кола содржи 140 калории, а 100 милилитри сок од јаболка има 46 калории. Свежиот сок од лимон со вода има 0 калории.

4. Сок од лимон за детоксикација на црниот дроб

Пиењето вода со лимон е одличен начин за детоксикација на телото и подобрување на работата на дигестивниот систем. Пектинот во лимонот помага во отстранувањето на отпадот од цревата. Холинот и маслата во кората му помагаат на црниот дроб да работи поефикасно. Лецитинот го забрзува разградувањето, апсорбирањето и дигестијата на мастите. Овој едноставен пијалак можете да го приготвите и дома.

  • Потребни состојки:
  • 1 лимон
    ]
  • 120 милилитри вода
  • 1 лажичка лецитин или живо јајце
  • 2-3 лажички сиров кокосов путер или екстра девствено маслиново масло
  • 1 капсула витамин Е
  • 1 парче ѓумбир
    Измешајте ги состојките и блендирајте 1 минута. Чувајте го пијалакот во фрижидерот и испијте го до наредниот ден. За најдобри резултати испијте половина од пијалакот пред појадок.
    5. Лимон за инфекции на грлото

Лимоните се богати со витамини и минерали кои го зголемуваат нивото на енергија. Покрај тоа, витаминот Ц го подобрува имунитетот и има антибактериски својства. Мед, топла вода и лимон е докажано решение за надразнето грло. Медот го омекнува грлото, додека лимонот го намалува лачењето слуз. За топлиот пијалак потребно е да зовриете вода и да додадете исечени лимони и мед. Оставете го пијалакот да се излади. За да ги опуштите мускулите на грлото пијте го чајот додека е топол. Ако имате треска пијте го ладен.

6. Подобрена функција на мозокот и намалено ниво на стрес

Лимонот има многу калиум кој е еден од клучните елементи за подобра функција на мозокот. Ако редовно консумирате лимон ќе забележите подобрување на вашиот ментален перформанс и ќе се чувствувате посреќно и посвежо во текот на денот. Калиумот активира неврони кои предизвикуваат позитивни мисли и чувства и има важна улога во регулација на серотонинот. Еден лимон содржи 187% од препорачаната дневна доза за витамин Ц.

7. Намалување на болката од изгореници од сонце

Изгорениците од сонце никогаш не се пријатни, но има ефективен лек кој можете да го приготвите и дома. Измешајте 1 лажица сок од лимон, вода од ружа и сок од краставица. Натопете крпа и нанесете ја директно на изгореницата. Краставицата и лимонот ќе го намалат црвенилото. Витаминот Ц ќе ја намали штетата и ќе ги осветли темните дамки. Немојте да се изложувате на сонце веднаш по употреба на лекот бидејќи е зголемена чувствителноста на сончеви зраци.

8. Сопирање на крвавењето од носот

Во носот се наоѓаат многу ситни крвни садови кои лесно крвават. Ако носот почне да ви крвави, немојте да ја навалувате главата назад. Наместо тоа држете ја природна положба со брадата паралелна на земјата и штипнете го носот. Сокот од лимон е друг ефективен лек за вакви ситуации. Ставете 1-2 капки свеж лимонов сок во секоја ноздра. Крвавењето ќе запре речиси веднаш поради киселоста на лимонот.

9. Намалување на лузни од акни

Витаминот Ц и цитричната киселина се одлични за третирање мали акни и лузни од акни. Витаминот Ц го поттикнува производството на колаген и ја одржува кожата нежна и мазна. Исто така го поттикнува и создавањето на нови кожни клетки. Сокот од лимон ги осветлува темните дамки и лузните. Цитричната киселина ги чисти клетките и ги отстранува несовршеностите. Антибактерискиот ефект на сокот од лимон ги убива бактериите кои предизвикуваат акни.

Измешајте сок од лимон со кокосово масло и нанесете на проблематичните места. По 3 минути исплакнете го лицето со топла вода и нанесете крема за навлажнување на кожата. Можете да комбинирате сок од лимон со бадемово масло за да ги намалите темните дамки. Немојте да користите сок од лимон ако кожата почне да црвенее и ако ве чеша.

Advertisement