Доби многу потсмевни коментари, но таа стои на своето.

Бројни колумбиски портали моментално ја пренесуваат приказната за 19-годишна девојка која се обидува да ги убеди сите околу себе дека забременила благодарение на црната магија.

Неименувана млада дама од Маламбо, како што пренесува 60 Minutos info, инсистира на тврдењето дека немала со никого ништо и изразила уверување дека забременила поради магија.

– И покрај тоа што не спијам со мажи, наеднаш престанав да имам менструација. Поради оваа причина мајка ми ме однесе на преглед, при што лекарите утврдија дека сум бремена – изјавила неименуваната девојка.

Advertisement

Очекувано, корисниците на социјалните мрежи го проследија написот со многу потсмевни коментари, но ситуацијата секако не е смешна за колумбиските власти, со оглед на тоа што има забележителен пораст на бременостите кај адолесцентните девојки, наведува порталот подолу.

Па, зборувајќи за бизарноста на Маламбо, да додадеме на крајот, за ред, дека во 2009 година беше спомнато во медиумите и затоа што едно семејство привлече внимание со тврдењето дека го виделе покојниот Мајкл Џексон како поминува низ нивната куќа.

Advertisement