Доколку сакате пити, оваа со зелка би можела да ви стане омилена.




Доколку постите, добро е да направите список со рецепти кои можете да ги направите.
Додаваме посна пита со зелка.




Неопходно е:
- 1 главица кисела зелка
- 2 китки млад кромид или праз
- 4 лажици варен ориз
- малку мелен пипер
- масло
Подготовка:




На масло пропржете сечкан кромид додека да омекне, додадете ја сечканата кисела зелка исечкана што помала и пропржете ја. Кон крајот додадете 4 полни лажици ориз.




Измешајте сè, додадете мелен пипер. На масата намачкајте една подготвена тенка кора, премачкајте со масло, па додајте ја втората кора и ставете 2-3 лажици зелка и премачкајте ја преку целата кора. Се тркалаат во ролат и се виткаат во полжав.




Се редат во плех, се премачкува со масло и се пече на 200 степени околу 40 минути. Доколку сакате пити, оваа со зелка би можела да ви стане омилена











