Обичаите за првиот ден од новата година се јасни – треба да започнете некоја работа и на тој начин да си обезбедите добар почеток
Се верува дека на 1 јануари треба да се направи некоја симболична работа, иако е празник. Ако сте добиле календар на подарок, напишете го датумот, неколку зборови… Размислете за работата барем неколку минути тој ден . Според верувањето, овој чин симболизира дека ќе имате доволно работа во наредната година и дека тоа ќе го правите доброволно.
Слично на обичајот што важи за Божиќ , важно е и кој прв ќе влезе во вашиот дом по полноќ, односно на 1 јануари. Ова е важно бидејќи се верува дека оваа личност ќе има значително влијание врз вашиот живот во наредната година.
Дури и ако не сте љубител на смс пораки, телефонски повици, испраќање мејлови, не пропуштајте да им ја честитате Новата година на вашите најблиски, како и да одговорите на честитки. Ова симболично ги зајакнува врските меѓу вас, развива чувство на топлина и пријателство.
На самиот почеток на годината избегнувајте да позајмувате пари. Симболиката е јасна – укажува дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате доволно пари. Ова верување секако не се совпаѓа со вашата досегашна практика, а тоа е дека на 1 јануари ништо не смее да се извади од дома . Иако сите сакаме да разменуваме колачи, разни слатки и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак, според ова верување, тоа не треба да се прави. Почестете ги сите ваши гости, тоа секако е добар знак, но кога ги посетувате другите, не носете ништо од храната. За тоа почекајте го 2 јануари.
Во некои култури, перењето алишта на 1 јануари е неприфатливо . Имено, се смета дека миењето што било треба да се намали во најмала можна мера, бидејќи тоа може лошо да се одрази на здравјето на домаќинството во наредната година. Исто така, обидете се да бидете внимателни со садовите и воопшто со нештата што се кршат, бидејќи кршењето работи се смета за лоша среќа.
За среќа со пари
Мал ритуал – ставете пари во секој паричник што го имате дома. Тоа е знак дека следната година ќе тече во просперитет . Верувањето дека влегувањето во новата година без долгови и неплатени сметки е добар знак за среќа со пари, пишува monnamagazine.me.











